Zehra Ulucak
22 Јануари 2018•Ажурирај: 23 Јануари 2018
МЕКСИКО (AA) - Убиствата извршени минатата година во Мексико се зголемени за 27 отсто во споредба со претходната година, пренесува Anadolu Agency (АА).
Според извештајот на Министерството за внатрешни работи, бројот на убиствата извршени во Мексико минатата година се зголемил за 27 отсто во споредба со 2016 година, односно изнесува 29.168.
Податоците покажуваат дека бројот на убиствата го достигнало највисокото ниво, почнувајќи од 1997 година, па наваму, а бројките се повисоки дури и од 2011 година, кога борбата против дрогата во Мексико го достигна врвот и беа убиени 27.213 лица.
Во извештајот се истакна дека стапката на убиства, која беше 19,4 на 100 илјади лица во 2011 година, се зголемила на 20,5 минатата година.
Според податоците на Светската банка за 2017 година, стапките на убиства во Бразил и Колумбија била 27 на секои 100.000 лица, 57 во Венецуела и 60 во Ел Салвадор.
Стапката на убиства во Мексико, која привремено опадна помеѓу 2012 и 2014 година, повторно почна да расте во 2015 година. Се верува дека 2017 година е најкрвавата година во земјата од почетоците на 1990-тите.