Bayram Altuğ
29 Октомври 2019•Ажурирај: 30 Октомври 2019
ЖЕНЕВА (АА) - Портпаролот на Канцеларијата за координација на хуманитарните работи на Обединетите нации (ОН), Хенс Лерке, истакна дека од 23 октомври досега, 74.000 цивили се вратиле во своите домови во зоните каде што беше реализирана операцијата „Извор на мирот“, јавува Anadolu Agency (AA).
„На почетокот беше соопштено дека 180.000 цивили биле раселени од североисточниот дел на Сирија каде што беше реализирана турската воена операција. 106.000 од нив сѐ уште не се вратија, но најмалку 74.000 Сиријци се вратија назад“, рече Лерке во изјава за Anadolu Agency.
Тој нагласи дека Сиријците кои од 23 октомври досега се вратиле во своите домови, биле оние кои претходнно биле раселени внатре низ земјата.