Adam Abu Bashal
29 Октомври 2019•Ажурирај: 29 Октомври 2019
АБУЏА
Единаесет деца ги загубија животите поради поплавите во регионот Ашанти, во западноафриканската земја Гана, пренесува Anadolu Agency (AA).
Квабена Нсенкјире, регионалниот координатор за Ашанти на Националната организација за катастрофи и управување (NADMO), во изјавата за едно радио рече дека неодамнешните обилни врнежи од дожд предизвикале поплави во регионот.
„11 деца загинаа во поплавата“, истакна Нсенкире.
Нсенкире во изјавата, исто така, упати повик до семејствата да внимаваат на своите деца за време на обилни дождови и соопшти дека е прекината наставата во училиштата во регионот.
Во земјата која се наоѓа во тропска климатска зона, просечните годишни врнежи од дожд варираат регионално. Во поплава во горниот исток на Гана во изминатите неколку недели загинаа 28 лица.