Emre Aytekin
29 Октомври 2019•Ажурирај: 29 Октомври 2019
ХОНГКОНГ (АА) - Кери Лем, лидерката на Хонгконг, порача дека треба да се завршат протестите кои започнаа во текот на летниот период и предупреди дека тие случувања негативно се одразуваат на економијата и туризмот во градот, јавува Anadolu Agency (AA).
Таа предупреди и дека тоа создало опасност од рецесија.
„Доколку растот во ова тримесечје остане под претходното, тогаш технички сме во рецесија. Доколку тоа се случи, ќе видиме негативен раст во 2019 година“, порача Лем.
Нагласувајќи ја потребата повторно да се воспостави мир во градот за да се решат економските проблеми, таа истакна дека демонстрантите, за жал и во неделата и понеделникот вечерта направиле нереди низ градот.
Лем изјави дека Владата не го гледа тоа како решение за исполнување на барањата на демонстрантите.
За да го решат случајот на мажот кого Тајван го бара поради убиство, властите на Хонгконг на почетокот на јуни планираа да го реформираат законот за испорачување на осомничени.
Но предлогот предизвика огромен страв кај жителите на Хонгконг дека може да се врши екстрадиција пред правосудниот систем под контрола на Комунистичката партија на Кина.
Властите на Хонгконг се откажаа од реформите, а протестите се продолжени бидејќи кризата прерасна во барања на демонстрантите за одржување на општи избори, истрага за полициска бруталност за време на претресите и спроведување на сеопфатни демократски реформи.
Протестите започнаа на почетокот на јуни оваа година, за на средината на месецот Лем да го суспендира предлогот на законот, но тоа не ги задоволи демонстрантите.