Aydoğan Kalabalık
08 Јуни 2020•Ажурирај: 08 Јуни 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Ахмед ел Мисмари, портпарол на водачот на илегалните вооружени сили од источниот дел на Либија, Калифа Хафтар, тврдејќи дека либиската Војска не ја презела контролата врз градот Тархуна како резултат на воената супериорност и воената сила, истакна дека се разочарани од некои земји, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Либиската Влада не ја презеде контролата врз Тархуна како резултат на воена супериорност и воена сила“, рече Мисмари во изјава за саудиската телевизија „Хадес“.
„Овие земји себеси се гледаа како земји гаранти што се однесува до запирање на движењето на 60. километар“, нагласи тој, додавајќи дека по ова се смета дека ќе започнат преговори во форматот 5+5.
Мисмари истакна дека по интервенцијата на Турција во Либија и користењето на различно оружје на терен, силите на Хафтар се насочиле кон стратешка промена.
- Што се случи?
Либиската Војска на 25 март ја започна операцијата „Бура на мирот“, а по воената воздухопловна база „Ватија“, во изминатата среда ја презеде контролата и врз сите административни граници на либискиот главен град Триполи.
Исто така, либиската Војска изминатиот петок ја презеде контролата врз градот Тархуна, додека во саботата започна нова операција наречена „Патот на победата“ со цел градот Сирт, воената воздухопловна база „Џуфра“ и околните подрачја да ги ослободи од милициите на Калифа Хафтар.