Gülbahar Sayım
09 Ноември 2017•Ажурирај: 09 Ноември 2017
КИНШАСА (АА) - Потона брод во Демократска Република Конго. Во несреќата животот го загубија 9 деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјален преставник на крајбрежата стража во Конго изјави дека во југоисточниот дел на земјата, во езерото Тангањика потонал брод со 30 патници.
Бродот се движел од градот Калемие кон подрачјето Вимби. Претставникот на крајбрежната стража рече дека во несреќата животот го загубија 9 деца, три деца се водат за исчезнати, а останатите се спасени. Toj изјави дека до несреќата дошло поради пренатовареност на бродот.
Во Демократска Република Конго, поголемиот број од бротчиња не се во согласност со пропишаните нормативи, што честопати е причина за бродски несреќи во езерата низ земјата.