Gülbahar Sayım
09 Ноември 2017•Ажурирај: 09 Ноември 2017
КИНШАСА (АА) - Одрон на земја во рудник за злато во Демократска Република Конго одзеде 2 живота, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставник на невладина организација од подрачјето на Мвенга, кое се наоѓа во источниот дел на Република Конго, соопшти дека се случил одрон на земјиште во рудник за злато кој поради безбедносни проблеми веќе подолг период е затворен.
Одронот на земјиштето во рудникот затрупал млади илегални трагачи по злато. Во несреќата животот го загубија две лица, а 10 се потешко повредени.
Претставник на Министерството за рударство соопшти дека лицата во рудникот не работеле во согласност со нормите за работа и додаде дека ќе ја продолжат својата борба против илегалната работа во рудниците.