Riyaz Khaliq Khaliq
19 Декември 2022•Ажурирај: 27 Декември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 31 морнар на тајландската морнарица се водат како исчезнати откако доцна синоќа потона брод во Тајландскиот Залив, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Воениот брод „ХТМС Шукотаи“ потона околу 23:30 часот по локално време, во близина на провинцијата Прачуап Кири Кан, јужно од главниот град Бангкок.
Започната беше голема спасувачка мисија во која беа вклучени воени бродови и хеликоптери.
Кралската тајландска морнарица соопшти дека силните ветрови и бранови предизвикуваат прекин на спасувачката операција.
Бродот патролирал во Тајландскиот Залив, приближно 20 наутички милји од пристаништето Банг Сафа, кога синоќа налетал на силни бранови и почнал да пропушта вода.
Морнарицата соопшти дека водата „влегла во електричниот систем“ предизвикувајќи прекин на електричната енергија и „престанале да работат главните мотори“.
Се додава дека се спасени 75 членови на екипажот, од кои 11 се хоспитализирани, додека по уште 31 член сè уште се трага.