Mahmut Atanur
05 Декември 2019•Ажурирај: 06 Декември 2019
ЏАКАРТА
Потпретседателот на Индонезија, Маруф Амин, учествуваше на гласањето за „Фотографии на годината“ на Агенција Анадолија (АА).
Амин, разгледувајќи ги фотографиите направени од репортерите и фоторепортерите на Агенција Анадолија (АА) во Турција и во странство, во категоријата „Вести“ гласаше за фотографијата насловена како „Големиот марш на враќање“.
Тој со изборот на таа фотографија посака мир за Палестина и палестинскиот народ и ѝ се заблагодари на Агенцијата Анадолија (АА) што му даде можност да учествува во гласањето за „Фотографии на годината“.
Потпретседателот Амин, истакнувајќи го значењето на отворањето на канцеларијата на Агенција Анадолија (АА) во Џакарта, рече: „АА директно го пренесува развојот на настаните во двете држави. Информациите што ги пренесува АА придонесуваат во зближувањето на народите на Индонезија и Турција и во зголемувањето на соработката.“