Michael Hernandez
18 Април 2018•Ажурирај: 18 Април 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Сопругата на 41. американски претседател Џорџ В. Буш, Барбара Буш, почина синоќа на 92-годишна возраст, јавува Anadolu Agency (AA).
Веста за смртта на поранешната прва дама на САД ја соопшти адвокатот на семејството, Џим Мекграт. Тој во писмено соопштение наведе дека датумот и распоредот на погребната церемонија ќе бидат наскоро објавени.
Синот на починатата Барбара Буш, кој, исто така, е поранешен американски претседател, Џорџ В.Буш, преку писмено соопштение им се заблагодари на пријателите на поддршката.
Пораки со сочувство до семејството Буш упати и актуелниот американски претседател Доналд Трамп.
„На Барбара Буш секогаш ќе се сеќаваме како на личност која посветено работеше за својата татковина и семејство”, порача Трамп.
Поранешниот американски претседател Буш Постариот минатата недела соопшти дека неговата сопруга Барбара одбила да прими нови медицински терапии.
Барбара Буш беше една од двете жени чиј маж и син беа претседатели на САД. Нејзиниот втор син Џеб Буш пред две години не успеа да се избори за статусот претседателски кандидат од редот на Републиканците.
Маж и син како претседател на државата имаше само уште Абигејл Адамс, сопругата на 2. американски претседател, Џон Адамс, и мајка на 6. претседател на САД, Џон Квинси Адамс.