Admir Fazlagic
29 Октомври 2016•Ажурирај: 29 Октомври 2016
СКОПЈЕ (АА) - Ноќеска, во 3 часот по полноќ, со поместување на стрелките еден час назад, почнува зимското сметање на времето, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што соопшти Бирото за метрологија при Министерството за економија, времето во три часот ќе се смета за два.
Овој феномен постои од пред неколку векови наназад. На почетокот на Првата светска војна, Германија прифаќа летно сметање на времето, откако и се придружија и Велика Британија, а потоа и Соединетите Американски држави (САД) и другите држави, но добар дел од нив по војната се откажал од поместувањето на стрелките.
Летното сметање на времето прв пат го спомнал Бенџамин Френклин во едно писмо до уредниците на весникот „Journal of Paris", но со оглед дека станувало збор за сатирична статија, не е јасно дали Франлкин навистина сакал такво нешто да им предложи на Французите.
Употребата на овој систем го предложил Вилјем Вилет во статијата „Waste of Daylight“ (Губиток на дневното светло), објавен во 1907 година.
Меѓутоа, некои сојузни држави во САД и Канада, на пример Аризона или Саскачеван,ниту денеска не го применуваат летното и зимското сметање на времето. Земјите на Европска унија воведоа летно сметање на времето од седумдесеттите години, додека поранешна Југославија таа метода почна да ја применува 1983 година.
Република Турција од ова година го воведе постојаното сметање на времето и за разлика од претходните години нема да применува враќање на стрелките на часовниците во согласност со зимското сметање.
„Летното сметање на времето које започна на 30 март 2016 година останува во примена а се укинува одлуката со која на 30 октомври во 4 часот е планирано враќање на стрелката на 3 часот", се наведува во одлуката на турската влада која е донесена на предлог на Министерството за енергетика и природни ресурси.
И Русија пред пет години се откажа од редовното поместување на стрелките, но ниту таа не се врати на стандардното зимско време туку остана на летното.