Canberk Yüksel
29 Октомври 2016•Ажурирај: 30 Октомври 2016
ЊУЈОРК (АА) - Хилари Клинтон, кандидатката на Демократската партија за претседател на САД, вчера го повика Федералното истражно биро (ФБИ), „без одложување” да спроведе истрага за нејзините е-меилови, јавува Anadolu Agency (AA).
„Се наоѓаме на 11 дена од можеби најважните национални избор на нашето време. Гласањето е веќе во тек во нашата земја, така да американскиот народ заслужува веднаш да добие детални факти, изјави Клинтон на прес конференцијата во Дес Моинес, Ајова.
Џејмс Корни, директорот на ФБИ, вчера ги извести американските когресмени дека повторно се отвора истрага против Клинтон откако се пронајдени „нови е-меилови кои би можеле да бидат важни”.
Истрагата за е-меиловите стана најголем проблем на Демократската партија за време на претседателската кампања, бидејќи е откриено дека Клинтон од 2009 до 2013 година, додека ја извршувала функцијата на државен секретар, користела приватен меил за службени цели, што потенцијало би можело да доведе до откривање на нови важни информации.
„Самиот директор изјави дека не знае дали е меиловите наведени во неговото писмо се значајни или не. Како и да е, уверена сум дека нема да се смени заклучокот од јули оваа година, така да пред бирото е императив да го објасно започнувањето на ова прашања, за што и да се работи. Без одложување” , порача Клинтон.
Републиканскиот кандидат Доналд Трамп го поздрави развојот на настани велејќи на митингот во Њу Хемпшир:
„Имаме голема почит поради фактот дека ФБИ и Министерството за правда собрале храброст да исправат ужасни грешки кои ги направиле”.
Неговите зборови беа упатени на Комејевата одлука од јули да не биде подигнато обвинение против Клинтон,бидејќи е заклучено дека не ги прекршила законите, но дека била „крајно невнимателна”.
Стејт Департмент објави дека ќе соработува со ФБИ во новата истрага за е-меиловите.