Cüneyt Karadağ
23 Мај 2018•Ажурирај: 24 Мај 2018
БЕРЛИН (АА) - Примената на забраната на дизел-возила во сообраќајот, која во последниот период е честа тема за дебати во Германија, за првпат ќе започне ограничено да се применува во Хамбург, јавува Anadolu Agency (AA).
Раководството на покраината Хамбург соопшти дека, поради фактот што дизел-возилата многу го загадуваат воздухот, вовело забрана за движење на дизел-возила во две улици на градот Хамбург. Според тоа, во улиците со интензивен сообраќај, „Макс-Брауер“ и „Штрасеман“ во населбата Северна Алтона во Хамбург, од 31 мај ќе се спроведува забрана за влез на возила и камиони кои користат дизел-гориво.
Оваа забрана нема да важи за возилата од категоријата Еуро 6, кои според европското законодавство за емисии на штетни гасови, имаат најмала емисија меѓу дизел-моторите.
Во Хамбург се заведени 264.000 возила на дизел-гориво. Од нив само 96.000 се од категоријата Еуро 6. Во соопштението се наведува дека забраната не се однесува на амбулантни, противпожарни и на такси-возила.
Федералниот административен суд во германскиот град Лајпциг, на 27 февруари донесе одлука, според која, може да се донесе забрана за движење на дизел-возила во градовите во кои постои големо загадување.
Во одлуката се наведува дека забраната за дизел-возила е поврзана со одредени услови со нивото на емисија на штетни гасови, и според тоа, им овозможува на градовите да воведуваат различни прописи за забрана на движење на овие возила.