Gözde Bayar
28 Мај 2020•Ажурирај: 28 Мај 2020
АЛ ХАСЕКА (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) и Русија го спроведоа своето прво заедничко патролирање во Ал Хасека, сириската покраина под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК, соопштија локални извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според изворите, американски и руски вооружени воени возила се сретнале со цел заедничко патролирање во селото Деир Гусун, близу турската граница.
Полковникот Мајлс Б. Кегинс, портпарол на Коалицијата против терористичката организација ДЕАШ, предводена од САД, изјави дека не станува збор за заедничка патрола туку најверојатно средбата била со цел да се спречи преклопување на патролите.
Кегинс не негираше дека земјите имаат заеднички активности.
Напорите на Русија за формирање воени единици во Ал Хасека се оневозможени од САД. Русија се обиде да стигне до нафтените полиња Рмелан, источно од Камишли, но американските војници ги спречија во тоа.
Како одмазда, Русија ги запре американските војници кои се обидуваа да стигнат до Камишли. Американските сили тогаш мораа да се вратат во Рмелан.