Mehmet Alaca
14 Декември 2021•Ажурирај: 15 Декември 2021
АНКАРА
Научниците предупредија дека во наредните години ќе се случуваат драматични промени на Твејтс, кој е еден од најголемите глечери на Антарктикот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Би-би-си“, американските и британските истражувачи кои продолжуваат со интензивни работи во врска со стапката на топење на глечерот Твејтс, нагласиле дека делот што се наоѓа пред глечерот „може да се скрши како предното стакло на возилото“.
„Најверојатно за помалку од 10 години ќе настане драматична промена на предниот дел на глечерот. Објавените и необјавените студии го покажуваат тоа“, рече прoфесор Тед Скамбос, глациолог и главен координатор на Меѓународната агенција за соработка за глечерот Твејтс.
Се истакнува дека овој глечер секоја година во океанот пушта 50 милијарди тони мраз, додека истражувачите велат дека климатските промени покажуваат брз ефект врз Твејтс.
Инаку, се вршат интензивни истражувања на глечерот Твејтс во рамки на петгодишниот проект кофинансиран од страна на Националната фондација за наука на САД и Истражниот совет за природна средина на Обединетото Кралство.
Научниците го истражуваат глечерот и преку сателити ги следат промените на неговата површина.