Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
05 Февруари 2018•Ажурирај: 06 Февруари 2018
ИДЛИБ (AA) - Сведоците на нападот со хемиско оружје извршен вчера од страна на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад во сириската покраина Идлиб, говореа за она што го преживеале од влијанието на хлорниот гас, јавува Anadolu Agency (AA).
Мухамед Хаџ Јусуф, раководител на Цивилната одбрана на Серакиб (Белите шлемови), разговараше со дописникот на АА за хемискиот напад на режимот на Асад.
„Добивме информација од радио дека хеликоптер на режимот извршил напад со гасна бомба исполнета со хлор и се упативме кон местото на настанот за да ги пренесеме повредените во најблиската болница“ истакна Јусуф.
Јусуф наведе дека додека им помагале на повредените, сфатиле дека и тие се зафатени од гасот. „Телесната температура ми се зголеми. Почнав да чувствувам гадење, нагон за повраќање и вртоглавица. Лекарите во болницата нè пресоблекоа и почнаа да нè мијат. Се направи потребната интервенција“.
Очевидецот Ијад Кефрентоти исто така раскажа за нападот:
„Бевме шест лица во куќата. На радиото набљудувачот соопшти дека хеликоптер на режимот на Асад навлегол над ридовите на подрачјето на Серакиб. Беа фрлени две бомби, но не експлодираа. Еден пријател од засолништето рече 'Има мирис на хлор'. Се обидовме да се засолниме на покривот од куќата. Пријателот се онесвести. Бевме под влијание на хлорниот гас“.
Во последните два месеци Идлиб се соочува со интензивни воздушни напади. Само во месец јануари загинаа 211 цивили, а 1.447 се ранети.
Градот Идлиб, кој се наоѓа во северниот дел на Сирија, близу границата со Турција, на состанокот одржан на 4 и 5 мај 2017 година во Астана беше прогласен за зона без судири.
Хеликоптерите кои припаѓаат на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад слетаа од подрачјето источно од Хама околу 22 часот, според информациите дадени на дописникот на АА од страна на обсерваторски авион на опозициските сили.
Режимот на Асад во Сирија изведе напад со хлорен гас источно од округот Серакиб, во 22.24 часот.
Во нападот со хемиско оружје беа погодени 12 цивили и тројца припадници на Цивилната заштита.