Прекрасните шарени џамии во Сенегал
- Сенегал, познат по богатото културно наследство на Западна Африка, го привлекува вниманието и со импресивните и колоритни џамии

ДАКАР (АА) - Сенегал, познат по богатото културно наследство на Западна Африка, го привлекува вниманието и со импресивните и колоритни џамии, известува Анадолу.
Џамиите изградени во различни делови на земјата, каде што традиционалната исламска архитектура се среќава со модерната, им нудат уникатна глетка на посетителите.
Во Сенегал, земја со 96 % муслиманско население, секоја џамија се истакнува по единствената боја и архитектура.
Една од овие џамии е „Мбур Серињ Салиу“, која се наоѓа во градот Мбур, оддалечен 100 километри од главниот град Дакар.
На надворешноста на џамијата, која е отворена во 2015 година, доминираат светлорозови и сини тонови, со што се создава прекрасен контраст со палмите што ја опкружуваат во дворот.
Џамијата „Џанатул Махва“ се наоѓа во градот Туба, кој братството Муриди го смета за свет, благодарение на зелената купола и линиите се истакнува со естетска елеганција.
Во Дакар се наоѓа џамијата „Туба Мамелес“ која восхитува со светлорозовата и црвеникавата боја и нејзините минариња.
Џамијата „Абдулаје Диоп“, која се наоѓа во градот Тис, 70 километри од главниот град, се издвојува со архитектурата во која доминираат сивите тонови и нејзините четири минариња.
Џамијата „Возвишен Куран“, која се наоѓа во местото Мпал во близина на градот Сент-Луис, го привлекува вниманието со минарињата и структурата. Во џамијата има и едукативен центар.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.