Alperen Yurtoğlu
02 Септември 2016•Ажурирај: 03 Септември 2016
СКОКХОЛМ (АА) - Во шведскиот главен град Стокхолм, врз една џамија беше извршен исламофобски напад, јавува Anadolu Agency (AA).
На врата од Стокхолмската џамија која е една од најголемите и најстари џамии во градот, сместна во населбата Содермалм, со спреј бe[e испишано: „Исламот е религија на злото“.
Откако шведската полиција започна истрага во врска со случајот, написот беше избришан. Нападот го осуди претседателот на Исламската младинска федерација Јасри Кан, и потсетувајќи на поранешните напади врз Стокхолмската џамија рече: „Се зголемува исламофобијата и расизмот како последица на шведските либерални публикации. Ние страдаме поради тоа.“
И претходно биле напаѓани џамиите во кои оделе да се молат муслиманите по потекло од Средниот Исток и Африка.