Erdoğan Çağatay Zontur
28 Октомври 2019•Ажурирај: 28 Октомври 2019
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Алберто Фернандез победи на вчерашните претседателски избори во Аргентина со освоени 47,9 отсто од гласовите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Речиси 34 милиони гласачи имаа право на гласање на вчерашните избори во Аргентина, а Изборната комисија на земјата ги соопшти прелиминарните резултати по пребројаните 93 отсто од гласачките ливчиња.
Алберто Фернандез прогласи победа и веќе во декември би требало да положи свечена заклетва и да стане нов претседател на таа јужноамериканска држава.
Потпретседателка на Аргентина ќе биде неговата партнерка и поранешна претседателка на државата, Кристина Фернандез де Киршнер.
Актуелниот претседател на Аргентина, Маурицио Макри, го призна поразот откако во пар со потпретседателскиот кандидат Мигуел Анхел Пичет освои 40,5 отсто од гласовите.
Претседателот на Аргентина ќе биде избран за мандат од 5 години, така што победник е оној кандидат кој освојува најмногу гласови во првиот круг, со освоени повеќе од 45 отсто од гласовите. Кандидатот за претседател, исто така, победува и со повеќе од 40 отсто од освоените гласови доколку има предност од најмалку 10 отсто во однос на најблискиот противник. Вториот круг се одржува само доколку ниту еден кандидат не ги исполни овие два услови.