Mohamed Sabry Emam Muhammed
28 Октомври 2019•Ажурирај: 28 Октомври 2019
БАГДАД (АА) - Бројот на загинатит во антивладините протести во Ирак се искачи на 75 откако еден демонстрант утринава им подлегна на повредите во јужниот град Басра, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите во Багдад и во другите ирачки градови од петокот одржуваат масовни антивладини протести, поради незадоволство од високата стапка на невработеност, корупцијата и недостигот на јавни услуги.
Од Независната висока комисија за човекови права (IHCHR) се вели дека во протестите повредени биле над 3.600 лица.
Незадоволството во Ирак во последниве години е во пораст поради зголемената стапка на невработеност и големата корупција. Голем дел од населението има ограничен пристап до основните потреби, како електрична енергија и чиста вода.
Според податоците на Светската банка, Ирак има висока стапка на невработеност кај младите од околу 25 отсто, тој е рангиран како 12-та најкорумпирана земја во светот од страна на повеќе организации за транспарентност.