Ali Mukarrem Garip
22 Јуни 2016•Ажурирај: 23 Јуни 2016
КИРКУК (АА) - Претседателот на Ирачкиот туркменски фронт и пратеник во парламентот од Киркук, Ершет Салихи, изјави дека туркменските територии во Ирак се под сериозна закана, додавајќи дека се уништува нивниот идентитет и регионот во кој живеат, јавува Anadolu Agency (AA).
Салихи за дописникот на АА изјави дека со појавата на ДАЕШ, во Ирак настанале промени во повеќе области. Тој зборуваше и за влијанието на настаните во земјата врз Туркмените.
„Во Ирак сведоци сме на постојани и брзи промени на секое поле, почнувајќи од политичките", рече Салихи.
„Појавата на терористичката организација ДАЕШ само ги забрза споменатите промени, кои особено може да се забележат на териториите во кои живеат Туркмените. Започнувајќи од местото Телафер, близу Мосул, на северот од Ирак, па сè до месноста Мандили, туркменските географски региони претрпеа големи негативни промени", изјави Салихи.
Опстанокот на туркменскиот народ кој има своја долга историја, поради разни фактори е доведено во прашање, истакна Салихи и додаде:
„Додека Телафер е во рацете на ДАЕШ, состојбата во градот Тузхурмату кој е дел од покраината Салахадин е многу комплицирана и постојаните несогласувања продолжуваат. Покрај ова, и Туркмените од Дијала се под силна закана. Постојат сериозни несогласувања околу територијата во која живееме".