Ali Mukarrem Garip
27 Декември 2017•Ажурирај: 27 Декември 2017
КИРКУК (АА) - Во нападот извршен врз подрачјето на ирачкиот Киркук беа убиени двајца разузнувачки офицери, јавува Anadolu Agency (AA).
Началникот на полицијата на Киркук, Хатап Омер, за АА изјави дека неидентификувани лица пукале во вработените на Агенцијата за разузнавање во Киркук. Напаѓачите, кои брзо се оддалечиле од местото на настанот, биле во автомобилот.
Тој истакна дека е започната голема полициска акција. Ирачката армија, федералната полиција и силите на Хашди Шаби во месец септември воспоставија контрола над Киркук.