Muhammet İkbal Arslan
27 Април 2021•Ажурирај: 28 Април 2021
ЖЕНЕВА (АА) - Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар, кој денес во Женева се состана со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, порача дека Гутереш е искусен и добро го познава кипарското прашање, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со средбата на Гутереш и Татар во Женева, денес, под покровителство на ОН, започна неформалната конференција за решавање на кипарското прашање во формат „5 + 1“.
Татар, во изјавата за медиумите по состанокот рече дека состанокот бил плоден.
Истакна дека на генералниот секретар на ОН му ги пренел своите ставови и добри намери и порача дека кипарските Турци секогаш биле жртви.
Татар потсети дека Гутереш е запознаен со темата поради тоа што ги водеше преговорите во Кран Монтана во 2017 година.
„Гутереш е упатен во проблемот [кипарското прашање], тој добро го познава проблемот. Сега ќе се состане со другата страна. За проблемот интензивно ќе разговараме утре и задутре. Забележав дека може да ги мери прашањата од искуствата од Кран Монтана. Ќе видиме што нè чека“, рече Татар.
Гласноговорникот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дужарик, по повод конференцијата денес изјави дека целта на состанокот е „да се утврди дали страните имаат заеднички јазик во изнаоѓањето трајно решение за кипарскиот проблем во блиска иднина“.