Ekipa
12 Мај 2017•Ажурирај: 13 Мај 2017
ТУНИС (АА) - Туниска невладина организација за права го смета претседателството како одговорно за потенцијалното вмешување на армијата во социјален конфликт, јавува nadolu Agency (AA).
Ова беше потврдено од НВО, откако претседателот Беџи Каид Есебси во средата издаде наредба армијата да ги заштити рудниците за фосфат и нафтените полиња во земјата од протестите за кои рече дека можат да го нарушат производството.
На денешната прес-конференција, Абдеррахман Хедхили, шеф на тунискиот форум за економски и социјални права, предупреди дека делата на претседателот можат да доведат до сериозни последици.
Како одговор на неодамнешните протести во јужниот дел на земјата, Есебси објави дека армијата е подготвена да ги заштити зоните во земјата богати со нафта.
„Знам дека е сериозна одлука, но мора да биде преземена“, вели тој.
Во врска со ова, Белхасан aл-Васлати, портпарол на Министерството за одбрана, вчера изјави дека војската е посветена за спроведување на упатствата на претседателот“.
Во изминатите недели, стотици Тунижани во знак на протест поставија камп во близина на јужните делови на земјата богати со нафта, и бараат повеќе можности за работа и засилување на развојот на покраината Татавин, богата со нафта.