Mustafa Melih Ahıshalı
28 Јануари 2020•Ажурирај: 29 Јануари 2020
ИСТАНБУЛ
Најмалку десет лица загинаа, а 18 се повредени во автобуската несреќа што се случи во иранскиот град Исфахан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Патничкиот автобус, што возел на релација Техеран - Исфахан, се превртел во местото Сепахан Шахр.
Иранската државна телевизија јавува дека на местото на несреќата загинале најмалку десет лица, а дека 18 повредени се префрлени во болница.
Иран се наоѓа меѓу светските земји со најголем број сообраќајни несреќи, а главните причини се непочитување на сообраќајните правила, несигурни возила и неадекватна итна помош. Годишно во просек во сообраќајни несреќи животот го губат околу 20.000 лица.