Ekipa
21 Јуни 2017•Ажурирај: 22 Јуни 2017
ХЈУСТОН (АА) - Најмалку 10 лица се повредени при турбуленција на авион на летот Панама – САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјалните претставници на американската Федерална управа за воздухопловство соопштија дека патничкиот авион на летот од Панама кон Хјустон, наишол на силни удари на турбуленција во зоната на мексиканскиот воздушен простор.
Големото невреме во мексиканскиот регион Канкун го втурна во турбуленција авионот на „United Airlines“ (Јунајтед ерлајнс), при што беа повредени 9 патници и еден член на екипажот.
Пилотот на авионот успеа да го продолжи летот без никакви проблеми и да слета на аеродромот „Џорџ Буш“ во Хјустон. По слетувањето, повредените се префрлени на лекување во најблиските болници.