Ramazan Turgut
21 Јуни 2017•Ажурирај: 22 Јуни 2017
РИЈАД (АА) - Саудискиот крал Селман Бин Абдулазиз Ал Сауд денес ја објави одлуката по повод претстојниот Рамазански бајрам во Саудиска Арабија неработни да бидат вкупно 23 дена, јавува Anadolu Agency (AA).
Бајрамските празници за вработените во јавниот сектор, војската и другите институции во Саудиска Арабија започнаа на 16 јуни, а саудиската новинска агенција СПА јавува дека кралот Селман денес донел одлука првиот следен работен ден во земјата да биде 9 јули.
Министерството за труд на Саудиска Арабија претходно соопшти дека празникот по повод Рамазанскиот бајрам ќе трае 11 дена. Кралот Салман веднаш потоа нареди празникот да се зголеми на 16 дена, а потоа, денес, донесе нова одлука за продолжување на празникот на вкупно 23 дена.
Бајрамите во Саудиска Арабија традиционално се одбележуваат како повеќенеделни празници, а интересно е дека во оваа земја, освен Бајрам, се празнува само уште еден ден и тоа националниот празник 23 септември.