Ihvan Radoykov
18 Март 2022•Ажурирај: 19 Март 2022
СОФИЈА (АА) - Приведен е поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов, заедно со уште неколку блиски соработници од неговата партија Граѓани за европски развој на Бугарија (GERB), јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Бугарија се наведува дека приведувањето е изведено во рамките на сеопфатната истрага на Европското обвинителство во врска со 120 одделни предмети.
Покрај Борисов, од слобода се лишени и поранешниот министер за финансии, Владислав Горанов, поранешната шефица на Парламентарната комисија за финансии, Менда Стојанова и советничката за односи со медиумите во претходниот Кабинет на Борисов, Севдалина Арнаудова.
Ресорното Министерство соопшти дека се извршени претреси на повеќе локации и собрани се докази за сеопфатната акција која е во тек.
Европската обвинителка Лаура Ковеси, која вчера престојуваше во Бугарија, соопшти дека се спроведени истраги за 120 пријави на различни видови корупција во таа земја во врска со европските финансиски фондови.