Davit Kachkachishvili
18 Март 2022•Ажурирај: 19 Март 2022
КИЕВ (АА) – Генералштабот на Украина соопшти дека Руската армија собрала околу 1.000 војници од Сирија кои биле на располагање на режимот на Башар ал Асад, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената изјава од Генералштабот на Украина се истакнува дека Руската армија која има големи загуби за време на војната, почнала да прима платени војници.
„Командата на вооружените сили на Руската Федерација продолжува да презема мерки на претпазливост за да ја надомести загубата на персоналот со повикување странски војници. Според сегашните информации, руските окупатори одамна собраа околу 1.000 доброволци од т.н. армија на Башар ал Асад и Хезболах“, се вели во соопштението.
Исто така, се додава:
„Во исто време, според сегашните информации, овие милитанти немаат за цел да учествуваат во судирите на украинската територија, туку сакаат да ги искористат службените патувања како можност да стигнат до европските земји.“