Gülşen Topçu
30 Септември 2019•Ажурирај: 02 Октомври 2019
КАИРО (АА) – Во Египет притворен е опозицискиот активист, блогер и еден од симболите на револуцијата на 25 јануари, Ала Абдулфетах, како и еден од неговите адвокати, Мухамед ел-Бакир, пренесува Anadolu Agency (AA).
Сестрата на Ала Абдулфетах, Муна Сејф, на својот Фејсбук профил соопшти дека Главното обвинителство издало налог за 15-дневен притвор на нејзиниот брат и дека тој е приведен вчера.
Адвокатот Шурук Селам, исто така на својот Фејсбук профил напиша дека Јавното обвинителство за државна безбедност исто така одлучило да го притвори и адвокатот Бакир во истиот случај.
Обвинителството ги товари Абдулфетах и Бакир за „ширење лажни вести и членување во организација.“
Опозицискиот активист и блогер Ала Абдулфетах, еден од симболите на револуцијата од 25 јануари во Египет, беше ослободен во март, по 5 години минати во затвор, под услов наредните 5 години да биде под судска контрола.
Според египетскиот закон, судската контрола значи лицето одредени ноќи, 5-6 часови да ги поминува во полициската станица во подрачјето каде што престојува.