Muhammet Nazım Taşçı
29 Септември 2019•Ажурирај: 30 Септември 2019
АНКАРА
Во индиската сојузна држава Гуџарат, од напад на леопард животот го загубија двајца земјоделски работници, пренесува Anadolu Agency (AA).
Индиската новинска агенција „Прес траст оф Индија“ (Press Trust of India PTI) објави вест во која се вели дека во село сместено во шумското подрачје на Амрели во индиската сојузна држава Гуџарат, леопард нападнал две лица.
Според информациите добиени од локалната власт, двајцата земјоделски работници кои биле роднини, биле нападнати од леопард додека пешачеле. Во нападот двете лица го загубиле животот, а нивните тела биле пронајдени утрово. Со цел да се фати животното, околу селото се поставени кафези.
И вчера во истото подрачје од напад на леопард животот го загуби едно петгодишо дете.