Ekipa
17 Јануари 2025•Ажурирај: 21 Јануари 2025
ХАВАИ (АА) - Вулканот Килауеа на Хаваите, островската сојузна американска држава, продолжува со својата ерупција, јавува Анадолу.
Тој повторно се активира и почна да исфрла лава во средата, 15 јануари, но на безбедно растојание од населените места.
Геолошкиот институт на САД (USGS) истакна дека во понеделникот околу 2:20 часот по локално време се случила ерупција во кратерот на врвот Килауеа во хавајскиот Национален парк на вулкани.
Фонтаните лава од ерупцијата достигнаа височини од околу 80 метри, додека емисиите на вулкански гас беа особено високи.
Властите ја следат ситуацијата и ги советуваа жителите да бидат информирани за потенцијалните случувања.
Килауеа, еден од најактивните вулкани во светот, повремено еруптира од 1983 година.
На 7 јуни се случи ерупција, а неговата активност престана на 21 јуни во кратерот на вулканот Килауеа.