Mustafa Deveci
23 Ноември 2017•Ажурирај: 23 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Русија се приклучи во мисијата за пронаоѓање на подморницата која веќе 8 дена е исчезната во водите на Аргентина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави BBC (Би-Би-Си), претседателот на Русија, Владимир Путин, телефонски разговарал со претседателот на Аргентина, Маурисио Макри, и му понудил помош околу пронаоѓањето на исчезнатата подморница.
Русија ќе испрати брод за пребарување и експертска екипа.
Во исчезнатата подорница има екипаж од 44 члена, а во акцијата за пронаоѓање на подморницата учествуваат повеќе од 10 земји, меѓу кои САД и Британија.
- Работните активности се во критична фаза -
Во меѓувреме, портпаролот на аргентинските поморски сили, капетан Енрике Балби, изјави дека потрагата по исчезнатата подморница влегла во критична фаза, истакнувајќи ја загриженоста дека би требало да биде при крај резервоарот кој обезбеува кислород во подморницата.
Околу гласините за можна експлозија во подорницата, капетанот Балби изјави дека неколку часа по исчезнувањето на подморницата, во подрачјето е забележан силен звук, додавајќи дека ги истражуваат вестите поврзани со настанот.
Командантот на поморските сили, Карлос Завала, за исчезнатата подморница рече дека имале „комуникациски проблеми”, барајќи од семејствата на екипажот да не ја губат надежта.
Од 15 ноември наваму нема никаков контакт со подморницата „ASA San Juan“, која е дел од аргентинската армија.
Во мобилната комуникација со подморницата, пријавен е електричен дефект, а комуникацијата е прекината на оддалеченост од 430 километри од брегот, при нејзиното враќање во воената база која се наоѓа на 250 километри од главниот град Буено Аирес.
Аргентинската подморница е од германско производство, на дизел и на електричен погон, а во аргентинската флота се приклучи 1983 година.
.