Hakan Çopur
06 Ноември 2024•Ажурирај: 06 Ноември 2024
ВАШИНГТОН (АА)
На изборите за претставници во Конгресот, што се одржуваат заедно со претседателските избори во САД, се избира новиот состав со вкупно 435 места во Претставничкиот дом и 1/3 (една третина) од 100-те места во Сенатот, известува Анадолу.
Додека трае броењето на гласовите на изборите за американскиот Конгрес, што се одржува заедно со претседателските избори во САД, со нетрпение се очекува каква ќе биде новата распределба во Претставничкиот дом и во Сенатот.
Со пребројувањето на гласовите во САД, почнаа да се обликува составот на Сенатот и на Претставничкиот дом во многу сојузни држави.
Според неофицијалните резултати што ги објави „Асошиејтед прес“ (Associated Press), републиканците досега освоија 160 места во Претставничкиот дом, додека демократите освоија 107 места.
Во трката во која сѐ уште се чека кој ќе освои 167 пратенички места, во наредните часови со нетрпение се чека и која партија ќе го достигне мнозинството во Претставничкиот дом, освојувајќи 218 пратенички места.
- Републиканскиот кандидат го презеде сенаторското место во Западна Вирџинија
Од друга страна, додека има жестока конкуренција меѓу двете партии во трката во Сенатот, републиканскиот кандидат Џим Џастис, кој победи на изборите во Западна Вирџинија, ја презеде сенаторската позиција од неговиот противник од Демократската партија и и даде на својата партија ново место во Сенатот.
На изборите за Сенатот, каде пребројувањето на гласовите сè уште трае, републиканците засега имаат вкупно 48, а демократите 37 места.
Независниот кандидат Берни Сандерс од сојузната држава Вермонт, чие име дојде до израз во трката за Конгресот по својот анти-израелски став, извојува лесна победа. Сандерс, и кој има поднесено повеќе нацрт-закони во американскиот Сенат за да ги спречи САД да испраќа оружје во Израел, по 4-ти пат победи во трката за Сенатот.
Демократот Крис Марфи, кој влезе во трката од Конектикат и демократката Елизабет Ворен, која влезе во трката од Масачусетс, повторно победија во сенаторската трка.
Републиканскиот сенатор Рик Скот е во водство во Флорида, а демократската кандидатка Ангела Алсбрукс во Мериленд.
Резултатите ќе одредат која партија ќе има мнозинство во Претставничкиот дом и во Сенатот.
Се предвидува дека републиканците ќе го освојат мнозинството во Сенатот со тоа што ќе преземат барем едно место повеќе во своја полза во Сенатот, каде досега имаше 49 републикански сенатори наспроти 51 демократски сенатор.
Иако изборите за Конгресот во САД не одекнаа како претседателските, особено во американската јавност, каде постои сериозна поларизација меѓу претседателскиот кандидат на Републиканската партија Доналд Трамп и претседателскиот кандидат на Демократската партија Камала Харис, тие сепак сѐ од големо значење во американската политика.
Кое крило на Конгресот од која партија е контролирано, значително ја одредува областа на работата на американскиот претседател.
- Претставнички дом
Во Претставничкиот дом, кој брои вкупно 435 претставници, секоја држава е застапена пропорционално според нејзиното население. Државите со голема популација имаат повеќе претставници, а државите со мала популација имаат помалку претставници.
- Сенатот
Сенатот го сочинуваат 100 претставници, во кој избраните лица функцијата ја извршуваат 6 години. Секоја од 50-те сојузни држави има по 2 сенатори. На овие избори се гласаше за 34-те претставници во Сенатот.