Tuğrul Çam
07 Август 2018•Ажурирај: 08 Август 2018
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на САД, Мајк Помпео, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од дипломатските извори, Чавушоглу и Помпео, за време на телефонскиот разговор дискутирале околу односите меѓу САД и Турција, како и за решение на моменталните проблеми.
Чавушоглу на 3 август се сретна со неговиот американски колега, во рамките на состанокот на министрите за надворешни работи на Асоцијацијата на земји од Југоисточна Азија (АСЕАН), кој се одржа во Сингапур.
Чавушоглу по оваа средба рече дека се согласиле да имаат блиска соработка, со цел решавање на проблемите во понатамошниот процес.
Помпео истакна дека, и покрај настанатата тензија околу американскиот свештеник Ендрју Крејг Брансон, кој се наоѓа во домашен притвор поради извршувањето кривични дела во име на ФЕТО и ПКК, САД и Турција се вредни партнери.
Во текот на денот беше соопштено дека делегација од Турција, под водство на заменик-министерот за надворешни работи на оваа земја, Седа Онал, ќе допатува за САД, со цел разговарање околу решението на прашањето меѓу САД и Турција.