Müslüm Etgü
13 Август 2019•Ажурирај: 14 Август 2019
ШАНЛИУРФА (АА) - Шестчлена делегација од Соединетите Американски Држави (САД), која пристигна во Шанлиурфа, Турција, за формирање на Центар за заеднички операции кој ќе биде задолжен за безбедносната зона во северна Сирија, продолжува со активностите, јавува Anadolu Agency (AA).
Делегацијата, која во Акчакале, во рамките на претподготовките пристигна вчера, ги спроведува активностите во координација со турските сили.
Градоначалникот на Акчакале, Мехмет Јалчинкаја, во изјава за медиумите потсети дека војната во Сирија трае низа години и укажа на важноста за формирање безбедносна зона.
Тој додаде дека Турција од самиот почеток вложува големи напори за формирање безбедносна зона.
„Турција и Акчакале веќе осум години ги примаат нашите сириски браќа. Турција од почетокот ја изрази својата одлучност за безбедносната зона. Нашиот претседател и министер рекоа дека или со САД ќе започнат заедничка операција насочена кон безбедност на границите, или Турција тоа ќе го стори сама. Нема веќе враќање назад“, рече Јалчинкаја.
Тој укажа на важноста за ослободување на подрачјето долж турската граница од терористите на ПЈД/ПКК.