Necva Taştan Sevinç
29 Септември 2024•Ажурирај: 30 Септември 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на загинати во ураганот Хелен кој го зафати брегот на американската сојузна држава Флорида, денес порасна на 64, јавува Анадолу.
Белата куќа објави дека американскиот претседател Џо Бајден прогласил „вонредна состојба“ во Флорида и Северна Каролина и одобрил „федерална помош“ за погодените од ураганот.
Невремето од четврта категорија, кое го зафати северозападниот брег на сојузната држава со ветрови од 225 километри на час, продолжува да предизвикува хаос.
Предизвикана е значителна материјална штета, а милиони сè уште немаат електрична енергија како резултат на ураганот.
Американскиот национален центар за урагани соопшти дека влијанието на ураганот би можело да продолжи и во текот на викендот.
Експертите предвидуваат дека штетите од Хелен во југоисточниот дел на САД би можеле да изнесуваат од 15 до 26 милијарди долари.
Ураганот ги погоди и сојузните држави Џорџија, Јужна Каролина, Северна Каролина и Тенеси.
Во Флорида над 1,2 милиони домови и деловни објекти останаа без електрична енергија, таа бројка достигна 1 милион во Џорџија, 1,3 милиони во Јужна Каролина и 600.000 во Северна Каролина.