Ruslan Rehimov
29 Септември 2020•Ажурирај: 30 Септември 2020
БАКУ (АА) - Во текот на целата ноќ се водеа интензивни судири на линијата на фронтот меѓу Ерменија и Азербејџан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го издаде Министерството за одбрана на Азербејџан се соопштува дека ерменските сили започнале напади за да ги вратат назад загубените позиции во областите Фузули-Џебраил и Агдере-Тертер.
Во продолжение на соопштението се наведува дека единиците на азербејџанската Војска во ова подрачје успеале да го спречат нападот на ерменските сили.
Покрај тоа, воените елементи, дел од азербејџанските воздухопловни сили, заедно со копнените единици успеале да го уништат конвојот оклопни возила на ерменските сили што синоќа за време на нападите се движел од подрачјето Мадагиз кон Агдере и топовските батерии кои им пружале помош.
Во соопштението се наведува дека во утринските часови уништени се еден тенк и едно возило на ерменските сили на правецот Фузули-Џебраил, а приближно 10 војници се неутрализирани, додавајќи дека интензивните напади продолжуваат, при што ерменските сили претрпеле тешки загуби и биле принудени да се повлечат.
- Продолжува операцијата за ослободување на градот Фузули од окупација -
Во друго соопштение што го објави азејбеџанското Министерство за одбрана се вели дека продолжува операцијата започната со цел отстранување на ерменските сили од градот Фузули, додавајќи дека во утринските часови се уништени уште 4 тенка на ерменската Војска.
Покрај тоа, се наведува дека азербејџанската Војска се подготвува да возврати на нападот на ерменската Војска, која со топови ја гранатира областа Дашкесен.