Mahmut Geldi
07 Април 2018•Ажурирај: 08 Април 2018
РИЈАД (АА) - Во близина на Најран во Саудиска Арабија, беше уништена балистички ракета испалена од Јемен, јавува Anadolu Agency (AA).
Најран се наоѓа во близина на границата со Јемен, а портпаролот на коалиционите сили, полковник Турки ал Малики, потврди дека Воздухопловните сили ја неутрализираа ракетата испалена од јеменскиот град Сада.
Ракетата беше уништена со помош на противвоздушниот систем „Патриот“, кој припаѓа на Воздушните сили на Саудиска Арабија.
Малики смета дека продолжувањето на нападот од шиитското движење „Хуси“ значи дека Иран продолжува со вооружувањето и поддршката на ова движење.
Јемен е место на длабока политичка и безбедносна криза која кон крајот на 2014 година ескалираше во граѓанска војна.
Бунтовното движење „Хуси“ го контролира главниот град на Санa и неколку други важни региони во земјата, а меѓународно признатата Влада на Јемен дејствува од пристанишниот град Аден.
Конфликтите во Јемен беа дополнително засилени во март 2015 година, кога Саудиска Арабија и нејзините сојузници почнаа да изведуваат воздушни напади врз позиции на бунтовниците.