Mohamad Misto,Adham Kako
13 Јануари 2018•Ажурирај: 14 Јануари 2018
МУНБИЧ/АНКАРА (АА) - Откако е откриено дека терористите на ПЈД/ПКК најпрвин ги измачувале а потоа убиле двајца цивили во Мунбич, жителите на ова место во Сирија излегоа на улиците, јавува Anadolu Agency (AA).
Жителите на Мунбич вчера пронајдоа измасакрирани тела на двајца цивили Ханан ал-Џериве (25) и Абуд ал-Минхан (23).
Нивните тела се пронајдени во селото Кебир Имо, 20 километри источно од Мунбич. На еден од убиените цивили главата му беше отсечена.
По тој повод на улиците на Мунбич излегоа стотици цивили и протестираа против терористичката организација ПЈД/ПКК. Собраните побараа терористите итно да го напуштат градот и да ги предадат своите припадници кои стојат зад овој чин.
Активистите во Мунбич исто така ги осудија злосторствата на терористите и го повикаа народот на масовни протести.
ПЈД/ПКК во 2015 година со поддршка на Соединетите Американски Држави (САД) го зазеде Мунбич, кој се наоѓа западно од Еуфрат. Иако САД најави дека ПЈД/ПКК ќе го напуштат овој град откако од него се исчистат елементите на ДЕАШ, тоа сеуште не се случи.