Muhammed Macid,Safiye Karabacak
15 Април 2017•Ажурирај: 16 Април 2017
ГАЗА (АА) - Стотици Палестинци излегоа синоќа на улиците на Појасот на Газа, држејќи во рацете свеќи и протестирајќи против израелската репресија и блокада, јавува Anadolu Agency (АА).
На повик на Хамас, стотици граѓани излегоа на улиците на градот ширум Појасот на Газа. Тие побараа да се заврши израелската блокада на овој регион и општата репресија која се спроведува кон Палестинците.
Еднo од официјалните лица на Хамас, Мушир ал Мисри, ја обвини официјалната палестинска Влада дека врши репресија на Хамас кој владее во Појасот на Газа. Истакна дека Хамас, и покрај се нема да потклекне.
Тој го привлече вниманието на проблемот со недостаток на електрична енергија во Појасот на Газа, за што како истакнува, директно е одговорна палестинската Влада во Рамала.
Елекстростопанството на Газа соопшти дека утре електраните во Појасот на Газа ќе престанат со работа поради недостаток на гориво.
Турицја и Катар претходно донираа извесна количина на гориво за снабдување на електричните централи во Појасот на Газа, но залихите се речиси потрошени. Палестинската влада го обвинува Хамас дека е одговорен за проблемите во напојување со електрична енергија во Појасот на Газа.