Elena Trenchevska Chekovic
23 Ноември 2025•Ажурирај: 24 Ноември 2025
СКОПЈЕ (АА) - Демонстранти излегоа синоќа на улиците на северниот израелски град Хаифа повикувајќи на предвремени избори и барајќи оставка од Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, додека протестите против нејзините политики продолжуваат, јавува Анадолу.
Учесниците извикуваа слогани со кои ги критикуваа постапките на Владата и бараа промена на раководството.
Собирот е дел од тековните национални протести против политичките одлуки на Владата во последните месеци.
Демонстрантите ги повикаа властите да одговорат на барањата на јавноста за нови избори.
Израел уби повеќе од 69.000 Палестинци, претежно жени и деца, во својата офанзива во Појасот Газа од октомври 2023 година и ја претвори енклавата во урнатини.
Договор за прекин на огнот меѓу Хамас и Израел стапи на сила на 10 октомври. Првата фаза од прекинот на огнот вклучува ослободување на израелски заложници во замена за палестински затвореници. Планот, исто така, предвидува обнова на Газа и воспоставување нов управувачки механизам без Хамас.