Путин и американскиот претставник Виткоф одржаа состанок во Санкт Петербург
Портпаролот на Кремљ, Песков, рече дека телефонски разговор меѓу Путин и Трамп по средбата е „теоретски можен“

Istanbul
Pускиот претседател Владимир Путин денес одржа состанок за Украина со специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф во Санкт Петербург, се вели во соопштението од Кремљ, пренесува Анадолу.
На средбата присуствуваа и помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков и Кирил Дмитриев, шеф на рускиот Фонд за директни инвестиции и специјален претставник на претседателот за странски инвестиции.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите изјави дека почетокот на состанокот бил „деловен“.
Песков рече дека телефонски разговор меѓу Путин и Трамп по средбата е „теоретски можен“.
Претходно во текот на денот Виткоф пристигна во Русија и се сретна со Дмитриев.
Белата куќа ја потврди посетата на Виткоф, велејќи дека тој заминал во Русија „за директна комуникација со Кремљ и со Владимир Путин“, опишувајќи го неговото патување како „уште еден чекор во преговарачкиот процес кон прекин на огнот и конечен мировен договор во Русија и Украина“.
„Со оглед на тоа што овие преговори се во тек, јас очигледно нема да бидам пред претседателот или неговиот тим, но мислам дека претседателот беше сосема јасен дека е континуирано фрустриран од двете страни на овој конфликт, и тој сака да види крај на овие борби и сака војната да заврши“, изјави портпаролката Каролин Левит за новинарите.
Ова е трета посета на Виткоф на Русија, претходното патување се случи на 13 март во Москва, каде што се сретна со високи руски претставници пред да биде примен од Путин.
Портпаролот на Кремљ, Песков, изјави дека Виткоф доставил дополнителни информации за Украина за време на разговорите во март, и дека Путин му пренел пораки на американскиот претседател Доналд Трамп преку Виткоф, објави руската државна новинска агенција РИА.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.