Elena Teslova
15 Декември 2020•Ажурирај: 16 Декември 2020
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин испрати честитка до новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, јавува Агенција Анадолија (АА).
Кремљ ја објави честитката во која Путин му посака на Бајден успешна работа на чело на САД.
Путин во пораката до Бајден изрази уверување дека Москва и Вашингтон ќе можат да придонесат за решавање на глобалните проблеми и предизвици, без оглед на нивните разлики, бидејќи двете земји имаат посебна одговорност за глобалната безбедност и стабилност.
„Во тој контекст, руско-американската соработка врз основа на принципот на еднаквост и меѓусебно почитување би била во интерес на народите на двете земји, но и на целата меѓународна заедница“, порача Путин и изрази подготвеност на дијалог и соработка со новиот американски колега Бајден.
Путин до Бајден испрати честитка откако синоќа Изборниот колеџ ја потврди победата на Бајден која ја оствари тој на претседателските избори одржани на 3 ноември.
Американскиот Конгрес на 6 јануари би требало да ги потврди гласовите на Изборниот колеџ, откако Бајден и официјално ќе стане 46-от претседател на САД.