Emre Gürkan Abay,Barış Gündoğan
02 Јуни 2017•Ажурирај: 03 Јуни 2017
САНКТ ПЕТЕРБУРГ (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, побара поддршка од американските бизнисмени: „Дајте ја вашата поддршка за обновување на дијалогот со САД. Треба да им помогнете на Доналд Трамп и на американската администрација“, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Путин во рамките на Меѓународниот економски форум, кој се оддржува во рускиот град Санкт Петербург, се сретна со американските бизнисмени и ги оцени трговските односи меѓу двете земји.
Путин зборуваше дека за надминување на проблемите меѓу САД и Русија, потребна е иницијатива од страна на бизнисмените и истакна дека доколку бизнис заедницата ја даде својата поддршка, можно е да се изгради политички дијалог меѓу двете земји.
Со цел да се обнови дијалогот, Путин ја побара поддршката од бизнисмените, изјавувајќи: „Ве молам да им ја дадете својата поддршка на новоизбраниот американски претседател и администрација“.
Путин рече дека трговската соработка меѓу Русија и САД, која е на добро ниво, и стабилните економски врски играат улога на сигурносни акти во периодите кога постои политичка затегнатост.