Mücahit Oktay
11 Јули 2023•Ажурирај: 11 Јули 2023
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот Стејт департмент објави дека веќе некое време јавно ја поддржува продажбата на американските авиони Ф-16 на Туркије, пренесува Анадолу.
Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, одговараше на прашањата на новинарите на дневната прес-конференција.
Тој нагласи дека членството на Шведска во НАТО и продажбата на Ф-16 се две посебни прашања.
„Веќе јавно објавивме дека ја поддржуваме продажбата на Ф-16 на Туркије, а тоа го кажуваме и на приватни состаноци. Сепак, колку и да не прифаќаме, има група членови на Конгресот што веруваат дека тоа треба да се поврзе со прашањето за членство во НАТО“, рече Милер.
Тој истакна дека Шведска „го изменила својот Устав, усвоила нов закон, уапсила осомничени за тероризам и продолжува со истрагите“ за да ја намали загриженоста на Туркије за нејзиното членство во НАТО.
Тој додаде дека веруваат оти ова е доволно за да се ублажи загриженоста на Туркије.
Милер рече дека веруваат оти е дојдено време за членство на Шведска во НАТО.
„Сепак, не сакам да нагаѓам, освен што веруваме дека тоа треба да се случи во многу блиска иднина.“
Тој потсети дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен во последните пет-шест дена трипати разговарал со својот турски колега Хакан Фидан.
Милер посочи дека ќе продолжат да ги поддржуваат целите на Туркије на патот кон Европската Унија (ЕУ) и дека тоа е прашање меѓу ЕУ и Анкара.