Dmitri Chirciu
25 Јули 2021•Ажурирај: 28 Јули 2021
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека руската морнаричка флота ги има сите средства да ги заштити националните интереси на својата држава, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Имаме капацитет да ги откриеме сите подморници, бродови и авиони и, ако е потребно, да започнеме неизбежен напад“, рече Путин.
Рускиот претседател учествуваше на поморската парада што се одржа во Санкт Петербург по повод Денот на руската морнарица.
Укажувајќи на важноста на овој ден, Путин рече дека Русија се развила на военото поморско поле и дека во најкраток можен рок станала една од водечките поморски држави.
„Русија поседува ефикасна поморска авијација со долг и краток дострел, сигурни системи за крајбрежна одбрана и хиперсонични високопрецизни системи на оружје, кои сè уште немаат конкурент во светот, а кои континуирано и успешно ги развиваме“, рече Путин.
Тој истакна дека руската морнарица го продолжува своето присуство во скоро сите подрачја на океанот.