Halit Süleyman
26 Јули 2017•Ажурирај: 27 Јули 2017
РАКА (АА) - Најмалку 18 цивили загинаа, а 50 се повредени во вчерашниот напад извршен на територијата на Рака во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападите ги извршија меѓународните коалициски сили предводени од страна на Соединетите Американски Држави (САД) и терористичката организација ПКК/ПЈД.
Податоците за нападите се објавени од страна на локалната мрежа на активисти наречена „Рака тивко се убива“, која во оваа област дејствува против терористичките организации ДЕАШ и ПКК/ПЈД.
Активистот Муаз Азиз изјави дека во подрачјето на населбите Фурусие и Кадисие траат судирите меѓу ПЈД и ДЕАШ.
Според она што тој го пренесе, ПЈД ја зазеде областа каде што се наоѓаа офицерите во Рака.
„Во сирискиот град Рака, кој е контролиран од страна на терористичката организација ДЕАШ, во изминатите осум месеци загинаа најмалку 1.400 цивили“, соопшти Мрежата за човекови права во Сирија (SNHR).
Меѓу загинатите цивили има 308 деца и 203 жени.