Mustafa Keleş
25 Јули 2017•Ажурирај: 27 Јули 2017
ЊУЈОРК (AA) - Николај Младенов, специјален координатор на Обединетите Нации за мировен процес на Блискиот исток, изјави дека тензиите и насилствата во комплексот Ал Акса и околината би можеле да прераснат во верски судир, јавува Anadolu Agency (AA).
Младенов во обраќањето на седницата на Советот за безбедност на ОН, каде се разговараше за последните случувања на Блискиот исток, предупреди дека напнатоста во рамките на комплексот Ал Акса и во негова близина би можеле дополнително да пораснат.
„Напнатостите кои се случуваат во светото место во последните 11 дена не се однесуваат само на израелско-палестинското прашање, а би можеле да прераснат во верски судир кој целиот регион би можел да го вовлече во виорот на насилството", рече Младенов.
Ја цени како позитивна израелската одлука за отстранување на детекрорите од метал од влезовите на Ал Акса, апелирајќи до сите страни да се дистанцираат од нови провокации.
Во текот на обраќањето ги критикуваше последните планови на израелските власти за изградба на нови стамбени објекти на палестинска територија.
„Уште еднаш сакам да нагласам дека насилствата на окупираната палестинска територија, според меѓународното право се незаконска. Исто така, го спречуваат формирањето на независна палестинска држава, а ја загрозуваат можноста за дводржавно решение", рече Младенов.
Ријад Менсур, палестински амбасадор во ОН, во обраќањето пред Советот за безбедност ја осуди одлуката на израелските власти да ја затворат Ал Акса за муслиманските верници.
Предупреди дека провокациите на Израел би можеле да прераснат во виорот на насилството, апелирајќи на Советот за безбедност да преземе потребни мерки за да во регионот завладее мир и безбедност.
Израелскиот амбасадор во ОН, Дени Данон ја обвини палестинската управа „дека им дава плати на терористите", барајќи од Советот за безбедност на ОН ова прашање да го стави на дневен ред.
Кризата ескалираше претходните седмици кога израелските полицајци убија тројца Палестинци пред и во рамките на комплексот Ал Акса, а се резултираше со општ метеж во кој беа повредени повеќе лица, меѓу кои и двајца израелски полицајци кои починаа на патот до болница. Израелската полиција потоа нареди затворање на комлексот Ал Акса.