Oktaj Omeragikj
18 Октомври 2025•Ажурирај: 19 Октомври 2025
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Предизборниот митинг на аргентинскиот претседател Хавиер Милеи во главниот град Буенос Аирес беше прекинат од антивладини демонстранти, известува Анадолу.
Демонстрантите го блокираа пристапот до митингот. Милеи заедно со неговиот кандидат за конгресмен, Диего Сантили, кој го замени Хозе Луис Есперт по повлекувањето од трката по откритијата што го поврзуваат со бизнисменот Фред Мачадо, обвинет за трговија со дрога, се качи на предизборно комбе и од таму им се обрати на граѓаните.
Милеи ги повика поддржувачите да го зајакнат неговиот блок во Конгресот и ги бранеше економските политики на неговата влада, нагласувајќи ја фискалната дисциплина и отстранувањето на ограничувачките мерки во економијата како столбови на стратегијата за закрепнување на Аргентина.
Настанаа вербални дуели меѓу поддржувачите на Милеи и опозициските групи, а полицијата спроведе строги безбедносни мерки во областа.